Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Версаче ја отвори Париската недела на високата мода – есен/зима 2013

ФОТО: Версаче ја отвори Париската недела на високата мода – есен/зима 2013

Италијанската модна куќа Версаче го означи стартот на Париската недела на високата мода. Дизајнерката Донатела Версаче се наврати на минатото, црпејќи инспирација од црно-белите фотографии на фотографите Мен Реј и Хорст и избирајќи ја Наоми Кембел за ѕвезда на шоуто.

Наоми зачекори на пистата на Версаче по 15-годишна пауза и докажа дека времето како да застанало за неа. 42-годишната модна газела ја отвори и затвори ревијата во црни креации со блескави елементи кои ги разголија нејзините долги нозе.

„Наоми има карактер. Таа е борец. Таа не се срами да ја покаже својата моќ или да ја употреби моќта која ја поседува. И таа не се плаши да преземе ризик. Токму затоа таа е Версаче жена“ – изјавила Донатела.

Блескави креации коишто ја акцентираат женската силуета и отскриваат дел од телото, честопати надополнувани со елементи кои асоцираат на долна облека, го потенцираа гламурот и сексапилот кон кој се стреми Версаче. Крзно, крокодилска кожа, рачно извезени блескави камчиња и мониста, како и „медуза“ елементи ги збогатуваа креациите во длабока сина, зелена, бордо и црна боја.

Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче
Колекција Версаче Колекција Версаче

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.