Почетна » Новости » Мода » ФОТО: 10 најплатени модели и нивната заработка – 2013

ФОТО: 10 најплатени модели и нивната заработка – 2013

Модната индустрија секоја година ги отвора вратите за илјадници млади и згодни девојки кои копнеат да го привлечат окото на модните гиганти и да стекнат светска слава. Но, за постигнување на финансиски успех, освен привлечен изглед, долгоногите убавици неопходно е да поседуваат и чувство за бизнис.

Жизел Бундхен е вистински пример за успех меѓу супермоделите. 33-годишната ветеранка на модните писти неколку години по ред е убедливо најплатен модел на светот. Според новата листа на Форбс, Жизел во изминативе година дена заработила 42 милиони долари, што е шест пати повеќе од Миранда Кер која го достигна второто место.

Топ 10 модели со најголема заработка

Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен

Жизел Бундхен

Заработка: 42 милиони долари

Жизел заработува милиони од својата еко козметичка компанија Sejaa и профитабилните договори со компании како Pantene, Oral-B и Sky HDTV. Освен тоа, таа поседува дел од познатата бразилска компанија за обувки Grendane.

Неодамна Жизел стана и заштитно лице на H&M и David Yurman.

2. Миранда Кер

Заработка: 7,2 милиони долари

Миранда стана ангел на Victoria’s Secret во 2007 година. Но, сега нејзиното богатство го зголемуваат договорите со брендови како Mango, David Jones, Lipton и Quantas.

Кер добро заработува и од својата козметика Kora Organics.

3. Адријана Лима

Заработка: 6 милиони долари

Адријана Лима најдолго време ги носи ангелските крила на Victoria’s Secret, па најголем дел од нејзината заработка доаѓа токму од овој бренд.

32-годишната мајка на две девојчиња во изминатиов период стана заштитно лице на Miu Miu, Donna Karan, Mavi Jeans и Metrocity.

4. Кејт Мос

Заработка: 5,7 милиони долари

Кејт Мос не дозволува возраста да ја намали нејзината заработка. 39-годишниот супермодел во изминативе година дена го полнеше џебот со милиони од партнерствата со Vogue Eyewear, Rimmel, Versace и Liu-Jo.

Наскоро ќе ја видиме Мос топлес на насловната на Playboy на изданието кое ќе ја одбележи 60-годишнината на списанието, а воедно и 40-тиот роденден на славната манекенка.

5. Лиу Вен

Заработка: 4,3 милиони долари

Лиу Вен е првата манекенка од Кина која има дефилирано на модното шоу на Victoria’s Secret. 25-годишната убавица има соработувано и со H&M, Estee Lauder, Calvin Klein и Hugo Boss.

6. Хилари Рода

Заработка: 4 милиони долари

7. Каролин Марфи

Заработка: 3,6 милиони долари

8. Џоан Смолс

Заработка: 3,5 милиони долари

9. Кендис Сванапул

Заработка: 3,3 милиони долари

10. Лара Стоун

Заработка: 3,2 милиони долари

Повеќето од девојките на листата на Форбс имаат ангелски договор со Victoria’s Secret или учествувале на ревијата за долна облека на популарниот бренд. Алесандра Амбросио и Дауцен Крус оваа година не успеаја да си обезбедат место на листата. Се претпоставува дека следната година меѓу најплатените модели ќе ги видиме и Карли Клос и Кејт Аптон.

При креирањето на листата се земени предвид заработките на убавиците во периодот од јуни 2012 до јуни 2013.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10502 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.