Меган Маркл е највлијателна славна личност во однос на модата според Lyst.
Платформата, која анализира над 100 милиони пребарувања поврзани со модата, ги објави имињата на познатите личности кои диктираат трендови и се стилска инспирација.
Војвотката од Сасекс со своите комбинации во просек поттикнува зголемување од 216% во пребарувањата за модни парчиња слични на нејзините. Највлијателен меѓу мажите е актерот Тимоти Шаламе.
Еве ја целосната листа:
Меган Маркл
Тимоти Шаламе
Зендаја
Били Ејлиш
Карди Би
Лиса (Blackpink)
Кајли Џенер
Лизо
Хари Стајлс
Били Портер
