Почетна » Новости » Мода » Каја Гербер е модерна хероина во најновата кампања на Џими Чу

Каја Гербер е модерна хероина во најновата кампања на Џими Чу

Каја Гербер ја сними својата втора кампања за Џими Чу. 18-годишниот модел ги презентира клучните модели од актуелната колекција.

„Џими Чу есен/зима 2019 ја слави Модерната Хероина, жена со амбиции, мотивираност и страст, која истовремено е и игрива и смела. Изградена од контрасти, таа е моќна, но и деликатна, прагматична, но и гламурозна“ - велат од брендот.

Каја Гербер Каја Гербер Каја Гербер

Сандра Чои, креативната директорка на брендот, потенцира дека колекцијата за првпат ги користи преклопените иницијали „JC“ и појаснува: „Колекцијата е за хероината Џими Чу на денешницата која го помни и го прифаќа минатото, но секогаш еволуира и се менува. Таа е динамична, разиграна и модерна.“

Каја Гербер Каја Гербер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9491 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.