Почетна » Новости » Мода » Бијонсе како Одри Хепберн со дијамант од 30 милиони долари заедно Џеј Зи во кампања за Tiffany

Бијонсе како Одри Хепберн со дијамант од 30 милиони долари заедно Џеј Зи во кампања за Tiffany

„За љубовта“ (About Love) е најновата кампања на Tiffany & Co која гравитира околу еден од најпопуларните парови во светот. Бијонсе и Џеј Зи се прикажани како љубители на луксузниот накит и уметноста.

Бијонсе и Џеј Зи

Музичката дива е облечена во црн фустан и високи ракавици, а нејзиниот аутфит очигледно е инспириран од култниот изглед на Одри Хепберн во „Breakfast at Tiffany's“.

Бијонсе и Џеј Зи Бијонсе и Џеј Зи

Највпечатлив елемент од нејзината комбинација е големиот жолт дијамант „Тифани“, кој претходно го имаат носено само три други жени – Лејди Гага (на Оскарите во 2019 година), Одри Хепберн (за промотивните материјали за „Breakfast at Tiffany's“) и г-ѓа Е. Шелдон Вајтхаус во 1957 година.

Гигантскиот дијамант е од 128,54 карати и се проценува дека чини вртоглави 30 милиони долари.

Бијонсе и Џеј Зи Бијонсе и Џеј Зи Бијонсе и Џеј Зи

„Иконска љубов. Легендарен дијамант. Семејството Картерс за Tiffany & Co“ – пишуваат од брендот.

Бијонсе и Џеј Зи Бијонсе и Џеј Зи

Особено забележлива на фотографиите е сликата „Equals Pi“ на прерано починатиот уметник Жан-Мишел Баскија.

Бијонсе и Џеј Зи Бијонсе и Џеј Зи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11398 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.