Почетна » Новости » Занимливости » Ќе ви го стопли срцето: 2-годишно момче со Даунов синдром ја кажува азбуката

Ќе ви го стопли срцето: 2-годишно момче со Даунов синдром ја кажува азбуката

Момче со Даунов синдром, кое ја повторува азбуката по мајка си, ќе ве освои со својата неодоливост. Двегодишниот Џон секој ден ги изненадува родителите со својот напредок, а особено со способноста да ги повтори сите букви од англиската азбука. Најслаткиот дел сепак е кога стигнува до буквата „W“.

Видеото на Facebook го сподели гордата баба на Џон, Пем, а досега има 12 милиони прегледувања. Многу мајки и трудници на бебиња со Даунов синдром ѝ се заблагодарија на Пем за споделувањето на видеото, затоа што тоа им дало надеж дека нивните деца можат да се развиваат нормално.

Best ABC's I ever heard! Wait for the W The Bell Center for Early Intervention Programs

Posted by Pam Gables Sapp on недела, 24 јануари 2016

„Толку сум горда на фактот што тој може да придонесе за да се зголеми свеста за Дауновиот синдром“ – рекла мајка на Џон, Хана.

„Сакам да им порачам на родителите да не се откажуваат и да бидат упорни. Нивните деца ќе го достигнат посакуваниот напредок кога ќе бидат подготвени. Луѓето имаат перцепција дека Дауновиот синдром е нешто што ги спречува децата. Џон постигна важна точка во развојот и е неверојатно за гледање. Има толку многу нешта кои ние не знаеме дека може да ги направи. Тој е огромна радост во нашите животи“ – додала Хана.

Џон Џон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11102 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.