Почетна » Новости » Занимливости » Ќе ве разнежи: Моментот кога старица ќе го изненади сопругот кој има деменција преселувајќи се во неговиот старечки дом

Ќе ве разнежи: Моментот кога старица ќе го изненади сопругот кој има деменција преселувајќи се во неговиот старечки дом

Кога љубовта е огромна и повеќедецениска, живеењето на дистанца не е опција, барем не за Бети и Кенет.

Брачниот пар бил раздвоен 5 недели, затоа што 96-годишниот Кенет страда од деменција и бил принуден да се пресели во старечки дом за да добие соодветна грижа. Животот без нејзиниот сакан бил неподнослив за Бети и таа одлучила да му се придружи.

Благодарение на персоналот од домот, нивната средба помина во романтична атмосфера.

Во моментот кога Кенет ќе ја здогледа Бети, неговите очи се полнат со солзи, а сето тоа е снимено во прекрасно видео кои побудува позитивни чувства:

За време на емотивната прегратка, нивниот разговор течел вака:

Б: Само ти и јас.
К: Може да ме земеш назад дома?
Б: Не, нема да те земам, дојдов да живеам со тебе. Во ред е? Се преселив. Дали си добро, дали си среќен?
К: Сега кога те гледам, подобро е.

Бети и Кенет

Ова е љубов која трае 76 години, од кои 71 година во брак.

Бети и Кенет Бети и Кенет Бети и Кенет

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.