Почетна » Новости » Занимливости » 7 тајни за среќен брак од 94-годишна старица

7 тајни за среќен брак од 94-годишна старица

Барбара Купер е 94-годишна старица со 73-годишен брак зад себе. Своите совети за среќен брак таа ги има споделено во книгата „Fall in Love for Life“. Еве неколку од најдобрите:

Брачен пар

За пронаоѓањето време за водење љубов: „Не ги разбирам паровите кои велат дека се премногу зафатени или премногу уморни за да спијат заедно. Освен ако не градат патишта цел ден или не водат мултинационална корпорација, сметам дека тие веќе не знаат кои им се приоритетите. Ако сакате да останете поврзани и среќни во бракот, мојот совет е никогаш да не бидете премногу уморни или премногу зафатени за да ја почувствувате љубовта на вашиот партнер. Кога вашиот живот е при крајот, ќе жалите ако погледнете наназад и се сетите на премногу ноќи кога сте барале изговори наместо да водите љубов.“

За поздравувањето на партнерот: „Ако сакате врската да ви преживее и да се зајакнува, морате да се истренирате да фокусирате поголем дел од вниманието на личноста која ја сакате. Кога вашиот сакан ќе влезе во просторијата, независно дали се враќа од гаражата или од работа после долг ден, ваша задача е да го оставите тоа што го правите, да го погледнете партнерот в очи и вербално да го изразите вашето задоволство од тоа што го гледате повторно. Тоа е нешто толку мало, но ви дава многу – и на двајцата.“

За карањето: „Најважното нешто за секој пар кој сака да се сложува е партнерите да мислат пред да зборуваат. Ако се расправате и забележите дека сте разлутени, вдишете длабоко и променете го текот на разговорот и побарајте истото да го стори и вашиот партнер. Речете нешто помирувачко како: Не знам зошто ова толку ме вознемирува, но така е, па можеш ли да ме расположиш и да го надминам ова? Со самото тоа што ќе признаете дека сте го изгубиле трпението, лутината брзо ќе започне да испарува.“

За аферите: „Некои луѓе имаат афери затоа што си велат дека заслужуваат повеќе внимание отколку што добиваат дома. Или можеби затоа што се лути поради тоа што чувствуваат дека сите нивни потреби не се задоволени од нивниот партнер. Кој ли им кажал дека една личност може да ги задоволи сите нивни потреби? Можете да живеете сосема комфорно и без тоа да ви се задоволени сите потреби. Пробајте да мислите на таков начин, ќе бидете изненадени колку е ослободувачки. Вие не сте совршени, не е совршен ниту вашиот партнер, но можете да имате пријатен живот заедно ако и двајцата имате сериозен пристап кон љубовта и поддршката кои одат со бракот.“

За преминот од љубовници во родители: „Вистина е дека кога бебињата ви се мали нема многу време за романтични гестови. Но, убавото на романтиката е што е важен квалитетот, а не квантитетот. Па, кога вашето бебе дреме, постелете ќебе во дневната соба, пресечете некоја праска или сливи или што било друго, турете чаша вино или нешто пенливо и уживајте во мини пикник. Пишувајте си љубовни пораки еден на друг и сокривајте ги во чистите пелени. Бидете креативни и ако сакате љубовта да ви цвета, така и ќе се случи.“

За спомнувањето на минатото: „Најважната лекција која можам да ви ја пренесам од нашиот брак е дека ние не се навраќавме на минатото. Ако нешто било непријатно, сме минувале низ него, сме ги поднесувале последиците и не сме го споменувале во среќните времиња. Па, и двајцата знаевме дека откако еден проблем е решен, не мора да се навраќаме на него повторно. Знаејќи го тоа, можевме целосно да се посветиме на решавањето на проблемите кои наидуваа, затоа што можевме да заборавиме на нив откако ќе беа решени, што е многу неверојатно чувство.“

За надминувањето на проблемите со парите: „Најважната состојка за издржувањето во тешка економска состојба е ВИСТИНАТА. Тоа значи дека ако имате некакви финансиски тајни што ги криете од партнерот, треба да ги поставите на маса. Звучи страшно? Сигурна сум дека е така, но како и многу други непријатни нешта кои само стануваат поголеми и посилни во темнината, овие тајни на смешен начин се свиваат под светлото на вистината. И како што тие се смалуваат, така вашиот стрес и грижите одлетуваат. Нема подобро време за да бидете искрени со партнерот и пред себе и заедно да направите план за справување со долговите и прекумерното трошење.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11709 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.