Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ѕвезда со големо срце: Лионел Меси изненади обожавател за неговиот 100. роденден

Ѕвезда со големо срце: Лионел Меси изненади обожавател за неговиот 100. роденден

Лионел Меси има многу фанови низ светот, а неодамна одлучи да го изненади својот најстар обожавател.

Фудбалската легенда му испрати видео порака на старец од Аргентина за неговиот 100-ти роденден, а видеото од изненадувањето се распространи на интернет.

Имено, Хернан ги запишувал сите голови на Меси низ годините и досега има исполнето 730 нотеси. Приказната за неговата посветеност стигна до славниот фудбалер, благодарение на неговиот внук.

„Здраво Хернан, денес до мене стигна твојата приказна. Ми изгледа лудо што на таков начин ги забележуваш сите мои голови. Затоа сакав да ти испратам една голема прегратка и да ти се заблагодарам за сè што правиш“ – му вели Меси во видеото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.