Почетна » Новости » Актуелно » Баба Коса од Скопје го прослави 100-тиот роденден со торта, цвеќе и балони

Баба Коса од Скопје го прослави 100-тиот роденден со торта, цвеќе и балони

Коса Илиевска од Скопје прослави голем јубилеј. Бабичката од населба Црниче наполни 100 години и доби роденденско изненадување од семејството.

Во нивната градина се собраа многу членови на семејството и поставија балони и колаж со фотографии од нејзиниот живот.

Коса Илиевска Коса Илиевска Коса Илиевска

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ѝ подари букет цвеќе и торта и ја посети во нејзиниот дом.

„Со Баба Коса Илиевска од Црниче, денес заедно го прославивме нејзиниот 100-ти роденден!“

„Баба Коса е една прекрасна, весела и ведра жена која иако денес одбележува еден век од нејзиното раѓање, таа сепак е полна со живот, баба на две внучиња и прабаба на пет. Си муабетевме, ми раскажа за животот и искуството кое го има зад себе, дури ми даде и добри совети. Мене ми е навистина драго што имав чест да седнам со четири генерации, сите заедно на една маса. Ова е тоа за кое вреди да се живее. Беше прекрасно дружење, ви благодарам!“

„Да си ми жива и здрава и остани таква полна со елан каква што си а догодина, да го прославиме и 101-от роденден!“ – стои во описот на објавените фотографии.

Коса Илиевска Коса Илиевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11212 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.