Почетна » Новости » Занимливости » 90-годишен старец низ солзи чита љубовно писмо кое ѝ го напишал на покојната сопруга

90-годишен старец низ солзи чита љубовно писмо кое ѝ го напишал на покојната сопруга

Кога Илејн Ортиз пронашла романтично љубовно писмо во омот од плоча која ја купила од продавница за втора употреба, веднаш посакала да му го врати на сопственикот, иако не знаела дека зад него се крие прекрасна љубовна приказна.

Писмото било напишано пред 70 години од ветеранот Бил Мур од Колорадо, додека тој бил војник за време на Втората светска војна, а ја носело адресата на неговата девојка Бернадин. Мур, кој сега има 90 години, уште тогаш знаел дека сака да се ожени со саканата Бернадин, но поради воената состојба не бил сигурен дека ќе преживее за повторно да се сретнат. Затоа, ѝ испратил писмо во кое ѝ ја искажал својата љубов.

Старецот многу се изненадил кога писмото повторно се вратило во неговите раце. Во интервју за ABC 7, романтичниот ветеран низ солзи ја раскажал својата љубовна приказна и прочитал делови од писмото.

Писмо

„Моја драга, мила, шармантна Бернадин, немам многу простор, но би можел да напишам уште многу придавки за да те опишам. Драга, ти си толку прекрасна што често се прашувам како е можно да си моја. Знаеш, јас навистина сум најсреќниот човек на светот, а ти си причината за тоа, Бернадин. Дури и твоето име ми звучи прекрасно“ – стои во писмото кое Мур го напишал за Бернадин кога бил дел од Третата армија во Нормандија.

Откако Бил се вратил дома, се оженил за Бернадин. Тие биле во брак 63 години, а имаат три деца. За жал, пред 5 години Бернадин починала, но Мур тврди дека неговата љубов кон неа сè уште трае и дека таа е секогаш во неговите мисли. „Тешко е да зборувам гласно за тоа со други луѓе. Но, ја сакав и таа ме сакаше мене. Тоа е сè што можам да ви кажам. Срцето ме боли што не можам да бидам постојано со неа“ – вели тој.

Бил и БернадинБил и Бернадин на денот на нивната свадба Бил и Бернадин

Гејл, ќерката на Бил и Бернадин, рекла дека никој не знае како се нашло писмото во старата музичка плоча, но е благодарна што тоа се вратило во нивните раце за да ги потсети на големата љубов. „Синоќа ѝ го прочитав на ќерка ми“ – вели Гејл во видеото. „Поминаа толку многу прекрасни години заедно, што навраќањето на почетокот е нешто неверојатно. Ова е најубавиот подарок“ – изјавила таа.

Бил и ГејлБил со ќерка си Гејл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.