Почетна » Новости » Занимливости » Ѕвезда со големо срце: Фарел Вилијамс усреќи 8-годишно момче болно од леукемија

Ѕвезда со големо срце: Фарел Вилијамс усреќи 8-годишно момче болно од леукемија

Фарел Вилијамс му исполни голема желба на мал фан. Откако дозна дека Риф Карнесон обожава да танцува на хитот „Happy“ и дека посакува да се сретне со него, Фарел веднаш го поканил 8-годишното детенце на негов концерт во Филаделфија.

Поради кревкиот имунитет, болното дете не можело да патува со авион, па Фарел испратил приватен автомобил за да го земе од Охајо и да го однесе на средба кај него. Славниот пејач го сметил Риф и неговото семејство во хотел со пет ѕвезди.

Фарел и Риф Фарел и Риф Фарел и Риф

По средбата, Фарел ги покани Риф и неговата сестра на сцената и пред бројната публика му ја испеа „Happy“.

Погледнете видео од средбата и настапот:

Само еден ден подоцна, Фарел одлета во Англија за да пее на хуманитарниот концерт во Манчестер.

Родителите на Риф му се заблагодарија на 44-годишниот музичар за доброто дело. Тие напишаа на Facebook: „Риф и Пејтен си поминаа неверојатно и ние секогаш ќе се сеќаваме на овој благословен момент. Фарел Вилијамс ти се многу скромен човек со прекрасна душа и со љубов кон нашите деца каква што нема никој друг. Биди благословен од Бог секогаш. Ова е за сите деца кои се борат со чудовишта.“

Риф од првата година од животот се бори со леукемија. Иако докторите во многу наврати ги подготвувале неговите родители за најлошото, храброто дете секогаш победувало во многуте битки.

Фарел и Риф

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.