Почетна » Новости » Занимливости » 5-годишно момче ја натерало мајка си да нахрани бездомник и расплакало цел ресторан

5-годишно момче ја натерало мајка си да нахрани бездомник и расплакало цел ресторан

Децата имаат широко срце, а петгодишниот Џосаја Данкан е доказ за тоа. Имено, кога малото момче за првпат видело бездомник, не можело да остане рамнодушно на неговата неможност да си купи топол оброк. Џосаја ја замолил мајка си да му плати за јадењето, а потоа седнал на масата да се помоли со него, оставајќи го целиот ресторан со насолзени очи.

Џосаја Данкан

Џосаја и мајка му Ева Фолк влегувале во ресторан во Пратвил, Алабама, кога малото момче здогледало човек со невообичаен изглед. Како и секое дете, тоа започнало да ја преплавува мајка си со прашања за парталавиот човек. Но, одговорите не му се допаднале. Данкан бил запрепастен кога неговата мајка му кажала дека човекот нема ни дом, ни семејство, ни храна.

Реакцијата на Џосаја била прекрасна. Малото момче со големо срце, видело нешто во бездомникот, кое сите возрасни го пропуштале – тоа видело човек на кого му е потребна помош. За разлика од многумина кои би го игнорирале, Џосаја ја замолил својата мајка да плати за неговиот оброк.

Џосаја Данкан

„Тој влезе и седна, но никој не го послужи. Па, Џосаја скокна и отиде да го праша дали му треба мени, бидејќи не може да направи порачка без да има мени“ – изјавила Фолк за WSFA. Бездомникот скромно побарал само еден хамбургер, но Џосаја и Ева добродушно му рекле дека може да порача сè што ќе посака.

Но, Данкан не застанал тука. Припомнувајќи си дека сиромавиот човек нема фамилија, тој седнал до него за заедно да ја кажат молитвата и да му се заблагодарат на Бога. „Сакав да ја кажам молитвата со него“ – рекол Данкан.

Присутните во ресторанот не можеле, а да не го забележат прекрасниот гест на момчето. Единаесетте сведоци не можеле да си ги задржат солзите. „Човекот плачеше. Јас плачев. Сите плачеа“ – објаснила Ева.

Џосаја Данкан

„Можеби тоа што треба да се види тука е дете кое не гледа богатство и сиромаштија, но гледа некој кој е гладен и сам. Кога неговата мајка му го објасни тоа нему, неговото срце рече „помогни му“... тој не знае за никакви околности од животот на тој човек, знае само дека тој беше гладен и сакаше да го види нахранет. Џосаја е мој внук. Никогаш не сум била погорда на него, отколку што сум денес. Неговата млада невина верба може да ни биде лекција на сите нас“ – објаснила бабата на Џосаја, Кети Ремзи Дук.

„Гледајќи како мојот син допре 11 луѓе во ресторанот за вафли вечерва, засекогаш ќе биде едно од најголемите достигнувања како родител“ – изјавила гордата мајка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.