Почетна » Новости » Занимливости » Што би сакале мажите да знаат жените за сексот и обратно?

Што би сакале мажите да знаат жените за сексот и обратно?

Трејси Кокс е авторка на повеќе бестселери за љубовните врски и сексот. Во текот на нејзината кариера како писателка и колумнистка, таа забележала дека жените се поискрени за сексот кога разговараат со жени, а мажите се поискрени со мажи. Пред неколку години, таа започнала различни мажи и жени да ги прашува што би сакале да им кажат на своите партнери доколку би биле потполно искрени. Ова се некои од одговорите кои ги добила:

Секс

Што ТОЈ посакува ТАА да знае?

  • Го користам сексот за да ја изразам својата љубов кон тебе. Понекогаш ми е тешко да ги изразам емоциите, а сексот е начин да бидам физички близок со тебе.
  • Кога одбиваш да имаш секс со мене, чувствувам дека ме одбиваш мене како личност. Те молам биди љубезна.
  • Мојот сексуален систем е едноставен. Знам дека твојот е поразличен, но треба да ми кажуваш и покажуваш специфично што сакаш, за да можам правилно да го разберам твоето тело.
  • Тоа што сакам да експериментирам со нови нешта не значи дека не мислам дека си секси. Значи дека ми треба и сакам разнообразност.
  • Јас сум визуелна личност. Сакам да гледам секси нешта. Нема ништо грешно во тоа да гледам еротски фотографии, едноставно тоа го прават мажите.
  • Престани да се загрижуваш за твоето тело. Сакам да изгледаш убаво, но се фокусирам на деловите кои јас ги сакам, а не на деловите од телото кои ти ги мразиш.
  • Сакам да имаме секс често и редовно. Ако тоа не е можно, те молам кажи ми зошто. Ако разберам зошто и знам дека во иднина ме очекува одличен секс, можам полесно да го прифатам одбивањето.
  • Разбирам дека желбата за секс ти е повлијаена од месечниот циклус. Но, јасно кажи ми кога си расположена за секс за да го искористиме тоа време максимално, наместо да се фокусираме на периодот кога не си расположена за секс.
  • Кога се однесуваш како да имаш секс со мене само за да ме задоволиш, во мене се раѓа лутина и разочарување. Сакам да уживаш исто колку што уживам јас.

Што ТАА посакува ТОЈ да знае?

  • За да сакам секс, треба да бидам емотивно возбудена и физички стимулирана.
  • Зборовите се афродизијак за мене. Ако сакаш повеќе секс, зборувај со мене почесто.
  • Колку повеќе ми помагаш низ домот, толку повеќе сакам да имам секс со тебе. Така ќе бидам помалку уморна и повеќе ќе се чувствувам како рамноправен партнер отколку како роб.
  • Ми треба подолго време за да стигнам до оргазам отколку што ти треба тебе и ми е потешко. Не ме избрзувај.
  • Биди понежен. Мојата кожа е потенка и почувствителна од твојата. Она што тебе често ти е нормално, мене ме боли.
  • Не си претпоставувај дека сакам само романтичен секс. И јас одвреме-навреме сум за полуд и страстен секс.
  • Не настојувај да имаме секс откако сум ти рекла „не“. Тоа прави да се чувствувам помалку сексапилно и не ме возбудува.
  • Прифати дека најверојатно нема да доживеам оргазам само преку вагинален секс. Потребна ми е стимулација на клиторисот со твојата рака или вибратор. Тоа не значи дека не уживам во односот, туку дека така е дизајнирано моето тело.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11996 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.