Почетна » Новости » Занимливости » 5 работи за кои жените се критикувани поостро од мажите

5 работи за кои жените се критикувани поостро од мажите

Факт е дека најголем дел од луѓето имаат двојни стандарди кога станува збор за машкото и женското однесување и дека во многу случаи поострите критики заминуваат на адреса на припадничките на понежниот пол.

Мажи / Жени

Меѓународниот ден на жената поттикнува многу дискусии за половата еднаквост и положбата на жената во општеството. На социјалната мрежа Reddit се разви дискусија за ситуациите и постапките кои им носат на жените поостри критики во споредба со мажите. Еве некои од нив:

  • Голем број на сексуални партнери; сексуални односи кратко време по запознавањето на нов партнер. Мажите кои имаат голем број на сексуални партнерки не се нарекувани со погрдни зборови за разлика од жените кои имаат побогато сексуално искуство. Напротив, во таков случај мажите добиваат репутација на посакувани фраери. Освен тоа, никогаш нема да слушнете дека некој маж е „лесен“ затоа што одлучил да не чека долго пред сексуалниот однос со нова партнерка.
  • Несреден дом. До ден денес се очекува од жените да го одржуваат домот и поголем дел од луѓето би ја критикувале жената ако влезат во несреден семеен дом. Токму затоа жените и се чувствуваат принудени да преземаат на свој грб поголем дел од домашните обврски.
  • Прекумерна телесна тежина. Жените кои имаат вишок килограми чувствуваат поголем притисок да ослабат во споредба со мажите со прекумерна тежина. Понекогаш е доволно една жена да има само неколку вишок килограми за да биде исмејувана и критикувана како што би бил само маж кој има значително повисока тежина од нормалната.
  • Самоувереност, цврст став и решителност. Жените кои самоуверено го искажуваат своето мислење и се директни и решителни често се сметаат за нападни, агресивни или арогантни, додека мажите со исти карактеристики се сметаат за лидери.
  • Немањето деца. Жените кои немаат деца по свој избор се нарекувани себични и редовно им е посочувано дека некој ден ќе зажалат за таквата одлука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9533 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.