Почетна » Новости » Истражувања » 10 работи што на мажите и жените им се одбивни кај спротивниот пол

10 работи што на мажите и жените им се одбивни кај спротивниот пол

Што мразат мажите, а што жените кај спротивниот пол? Кои се карактеристиките што им создаваат одбивност на мажите и жените? Истражувањето на Your Tango, Glo и Chemistry, кое ги зема во предвид одговорите на повеќе од 20 000 мажи и жени, стигна до конкретни податоци.

Маж и женаНа долгорочен план и за мажите и за жените е најодбивна лошата хигиена

Што е тоа кај жените што најмногу би им создало одбивност на мажите?

Колку и да е убава една жена, ако не одржува добра хигиена, ќе изгледа непривлечно во машките очи. Истражувањето открило дека лошата хигиена е она што најмногу им создава одбивност на мажите кон жените и на првиот состанок и во понатамошната врска.

На долгорочен план работите кои на мажите им се одбивни скоро и да не се менуваат. Некои експерти велат дека тоа уште еднаш говори за фактот дека мажите се едноставни. Тие советуваат дека ако сакате за задржите маж, треба да внимавате на личната хигиена, да ги зачувате екстремните мислења за религијата и расизмот за себе и да бидете поголеми авантуристки во животот, вклучително и во сексот.

На првиот состанок:

  1. Лоша лична хигиена
  2. Нарцизам/Отсуство на сочувство
  3. Отсуство на сексуална хемија
  4. Здодевност/Недостаток на авантура
  5. Незрелост/Детско однесување
  6. Расизам и предрасуди
  7. Екстремни погледи во однос на религијата
  8. Недостаток на искра
  9. Недостаток на интелигенција
  10. Неамбициозност

На долгорочен план:

  1. Лоша лична хигиена
  2. Отсуство на романтична љубов
  3. Отсуство на сексуална хемија
  4. Здодевност/Недостаток на авантура
  5. Нарцизам/Отсуство на сочувство
  6. Незрелост/Детско однесување
  7. Расизам и предрасуди
  8. Екстремни погледи во однос на религијата
  9. Недостаток на интелигенција
  10. Неамбициозност

Што е тоа кај мажите што најмногу би им создало одбивност на жените?

Кога една жена ќе запознае нов маж во својот живот, нејзе најважно ѝ е тој да не се однесува како нарцис, да не биде расист и да нема детско незрело однесување.

На долгорочен план жените сметаат дека најнепривлечни се мажите кои не одржуваат добра лична хигиена и кои се однесуваат како нарциси.

На првиот состанок:

  1. Нарцизам/Отсуство на сочувство
  2. Расизам и предрасуди
  3. Незрелост/Детско однесување
  4. Недостаток на интелигенција
  5. Здодевност/Недостаток на авантура
  6. Недостаток на искра
  7. Отсуство на сексуална хемија
  8. Неамбициозност
  9. Екстремни погледи во однос на религијата
  10. Лош личен стил (коса, облека и сл.)

На долгорочен план:

  1. Лоша лична хигиена
  2. Нарцизам/Отсуство на сочувство
  3. Отсуство на романтична љубов
  4. Незрелост/Детско однесување
  5. Расизам и предрасуди
  6. Здодевност/Недостаток на авантура
  7. Неамбициозност
  8. Недостаток на интелигенција
  9. Отсуство на сексуална хемија
  10. Екстремни погледи во однос на религијата

Сепак, мажите и жените и не се толку различни кога станува збор за работите кои ги сметаат за одбивни.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.