Почетна » Новости » Истражувања » 10 работи што мажите и жените ги привлекуваат кај спротивниот пол

10 работи што мажите и жените ги привлекуваат кај спротивниот пол

Со што жените ги привлекуваат мажите, а со што мажите ги привлекуваат жените? Дали тоа е надворешниот изглед, чувството за хумор, интелигенцијата...? Големо истражување на сајтовите Your Tango, Glo и Chemistry со учество на повеќе од 20 000 лица дава конкретни одговори на овие прашања.

Маж и женаПрвично, на мжите многу им е важна сексуалната хемија

Првична привлечност

Да почнеме од мажите...

И ова истражување покажа дека мажите се визуелни суштества на кои многу им е важен надворешниот изглед на претставничките на спротивниот пол, особено кога се работи за првичната привлечност.

Кога маж ќе сретне една жена за прв пат, нему му е многу поважно каква сексуална хемија ќе се роди помеѓу нив и каква е конструкцијата на нејзиното тело, од тоа колку е интелигентна таа. Сепак, не е сè до изгледот, бидејќи на мажите исто така им е важна насмевката, љубезноста и чувството за хумор.

Жените пак првично многу повеќе ги привлекува смислата за хумор, љубезноста, насмевката и интелигенцијата на мажите, отколку сексуалната хемија што ќе се роди помеѓу нив.

Мажите ги привлекува:

  1. Сексуалната хемија
  2. Насмевката
  3. Добрината/љубезноста
  4. Чувството за хумор
  5. Конструкцијата на телото
  6. Очите
  7. Интелигенцијата
  8. Способноста за комуницирање
  9. Забите/усните
  10. Косата

Жените ги привлекува:

  1. Добрината/љубезноста
  2. Чувството за хумор
  3. Насмевката
  4. Интелигенцијата
  5. Способноста за комуницирање
  6. Сексуалната хемија
  7. Способноста за слушање
  8. Очите
  9. Забите/усните
  10. Амбициозноста

Долгорочна привлечност

Добро е да се види дека на долгорочен план на мажите им е многу поважно жената да биде љубезна, да може да води добар разговор и да има смисла за хумор, отколку да биде добра в кревет.

На жените и на долгорочен план им се најважни љубезноста, чувството за хумор и интелигенцијата, а физичките карактеристики, како очите, забите/усните и сексуалната хемија, со текот на времето им стануваат неважни. Иако на жените не им е важна сексуалната хемија, по извесно време им стануваат важни сексуалните способности на партнерот.

Мажите ги привлекува:

  1. Љубезноста/добрината
  2. Чувството за хумор
  3. Способноста за комуницирање
  4. Сексуалните уменија
  5. Интелигенцијата
  6. Насмевката
  7. Способноста за слушање
  8. Парите/богатството
  9. Конструкцијата на телото
  10. Очите

Жените ги привлекува:

  1. Љубезноста/добрината
  2. Чувството за хумор
  3. Способноста за комуницирање
  4. Способноста за слушање
  5. Интелигенцијата
  6. Амбициозноста
  7. Насмевката
  8. Сексуалните уменија
  9. Да бидат во иста фаза од животот
  10. Да живеат доволно блиску за да се гледаат секој ден

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10382 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.