Почетна » Новости » Занимливости » Шест години не одел на работа и земал плата, го фатиле кога требало да прими награда

Шест години не одел на работа и земал плата, го фатиле кога требало да прими награда

Маж цели шест години се немал појавено на работното место, а добивал плата, без никој да го забележи тоа. Тоа ќе продолжело до неговото пензионирање доколку, по иронија на судбината, не добиел награда за неговата долгогодишна служба.

Хоакин Гарсија бил инженер вработен во компанија за вода преку општината на шпанскиот град Кадиз и за задача имал да ја надгледува изградбата на фабрика за прочистување на отпадна вода. Во 2004 година, тој без да ги извести надлежните, престанал да се појавува на работното место. 69-годишниот Шпанец годишно земал од државата 37.000 евра бруто плата за седење дома, а бил фатен откако во 2010 година требало да прими награда за својата 20-годишна лојална работа.

Канцеларија

Јавноста дозна за случајот во текот на минатата седмица, откако судот му одредил казна од 27.000 евра за неговото пролонгирано отсуство. Тоа била максималната сума која може да ја одреди судот.

Кога заменик градоначалникот на Кадиз Хорхе Фернандез отишол во канцеларијата на Гарсија, сфатил дека таа е празна со години.

Канцеларија

„Се прашував дали тој сè уште работи тука, дали се пензионирал, дали умрел“ – рекол Фернандез. „Му се јавив и го прашав: Што правеше вчера? Претходниот месец, пред два месеци...? Не знаеше што да ми одговори“ – додал тој.

Пред судот, Гарсија тврдел дека бил жртва на малтретирање на работното место и дека кога ќе се појавел на работа, немало што да прави. Тој не ја пријавил ситуацијата зашто се плашел да не биде отпуштен, а требало да го издржува семејството.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.