Почетна » Новости » Занимливости » Направете сами: Чиа смути за здрава кожа

Направете сами: Чиа смути за здрава кожа

Смути оброците во чаша се секогаш добра идеја. Тие содржат многу здрави и свежи намирници и затоа лесно се варат, а нивната нутритивна вредност им е толку висока што ги прави одлична храна за појадок или вечера.

Чиа семето пак, нарекувано „супер храна“, во последно време е вистинска сензација. Тоа е најбогатиот ботанички извор на Омега-3 масни киселини, помага во борбата против слободните радикали, придонесува за блескав изглед на кожата, а што е најважно од сè – дава фасцинантно чувство.

Тоа содржи и 30% повеќе антиоксиданси од боровинките, а маслото од чиа исто така е богато со протеини, витамини А, B1, B2, B3, железо, магнезиум, калиум, фосфор, манган, бакар, молибден, ниацин и цинк.

Покрај сите други придобивки коишто ги нуди ова семе, чиа семето истовремено е одлично и како лек за болестите на кожата. Токму затоа, во последно време се користи и во козметичката индустрија како епохално откритие за нега на кожа.

Имајќи ги сите овие придобивки предвид, ви предлагаме едноставен рецепт за смути кој ќе ви даде енергија за целиот ден, а и ќе влијае неверојатно на вашата кожа.

Nutra Effects смути со чиа семе, банана и јагоди

Смути
  • 1 банана
  • 2 мали лажички чиа семе
  • 3-4 свежи јагоди
  • 300 милилитри свежо млеко или јогурт, по желба

Сите овие состојки измешајте ги во блендер, и за помалку од 2 минути сами ќе си подготвите здрав и вкусен чиа оброк во чаша, кој ние го нарековме Nutra Effects, а истиот веќе е достапен и во некои од смути баровите во градот, како Juicy&Co.

На здравје!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11495 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.