Почетна » Новости » Занимливости » Цел град се сплоти за да му го промени засекогаш животот на 83-годишен бездомник

Цел град се сплоти за да му го промени засекогаш животот на 83-годишен бездомник

Бездомен старец, кој се немал искапено и пресоблечено со години, доби целосно нов изглед и шанса за нов живот благодарение на добродушните сограѓани.

Дон Лусијано Чуман Дон Лусијано Чуман

Дон Лусијано Чуман бил познат како „лудиот човек“ меѓу жителите во Ферењафе, каде со години живеел на улица. Неговата коса била целосно заплеткана, облеката валкана, телото згрбавено, а здравјето нарушено кога сограѓаните решиле да направат нешто за да му помогнат.

Тие го искапиле Лусијано, му ја истрижале косата, го избричиле и му подариле нови алишта. Изгледот на 83-годишниот старец бил променет до непрепознатливост, но тоа не било сè. Чуман добил и пари за да започне нов живот, му била извадена лична карта, а социјалните работници се обврзале редовно да му обезбедуваат храна.

Дон Лусијано Чуман Дон Лусијано Чуман Дон Лусијано Чуман Дон Лусијано Чуман Дон Лусијано Чуман

Фотографиите беа објавени на официјалната страница на Ферењафе на Facebook, а несебичното дело на граѓаните привлече многу комплименти и пофалби. „Тоа е хумана постапка која треба да биде пример за сите нас. Ѝ аплаудирам на локалната заедница што презеде иницијатива за оваа солидарна постапка“ – рекол градоначалникот на Ферењафе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12088 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.