Почетна » Новости » Занимливости » Цел град се сплоти за да го прослави порано последниот Божиќ на 7-годишно момче со неизлечлив рак

Цел град се сплоти за да го прослави порано последниот Божиќ на 7-годишно момче со неизлечлив рак

Мало гратче од Канада се сплоти за да го прослави Божиќ два месеци предвреме, затоа што 7-годишно болно момче веројатно нема да го дочека декември.

На Еван Лаверсејџ му бил дијагностициран тумор на мозокот пред пет години. Неодамна докторите утврдиле дека туморот се проширил и дека тој нема да живее уште долго.

Знаејќи дека Еван можеби нема да доживее да се радува на божиќната и новогодишната магија, неговата мајка Никол побарала од роднините да го прослават предвреме последниот Божиќ на Еван.

Предвремена божиќна прослава

Кога ја слушнала трагичната вест тетката на болното момче, Шели, веднаш се обратила кај соседите за и тие да ги украсат своите куќи и да му го подарат на Еван празникот кој го заслужува.

Планот за предвремениот Божиќ бил споделен на социјалните мрежи под хаштагот #‎LightsOnForEvan и илјадници добродушни сограѓани без размислување се вклучиле во прославата за малото момче.

Пред два дена била одржана празнична парада, која поминувала пред куќата на Еван. Божиќната прослава вклучувала и вештачки снег, новогодишни светилки и декорации, охрабрувачки пораки и големо изненадување за Еван – посета од Дедо Мраз и возење во неговата магична санка.

Предвремена божиќна прослава Предвремена божиќна прослава Предвремена божиќна прослава Предвремена божиќна прослава Предвремена божиќна прослава

„Многупати велев дека Еван е мојата инспирација. Минатата ноќ, сиот свет стана моја инспирација“ – изјавила Никол и додала дека тоа било доживување кое никој нема да го заборави.

„Наше вистинско Божиќно чудо ќе биде ако Еван добие два Божика“ – рекла Никол.

Предвремена божиќна прослава Предвремена божиќна прослава Предвремена божиќна прослава Предвремена божиќна прослава Предвремена божиќна прослава

Исто така, преку сајтот GoFundMe биле собрани над 35.000 долари за семејството на болното дете.

Предвремена божиќна прослава Предвремена божиќна прослава Предвремена божиќна прослава Предвремена божиќна прослава Предвремена божиќна прослава Предвремена божиќна прослава Предвремена божиќна прослава

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12023 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.