Почетна » Новости » Занимливости » Хумористичен текст: Зошто децата се полоши на 3-годишна отколку на 2-годишна возраст

Хумористичен текст: Зошто децата се полоши на 3-годишна отколку на 2-годишна возраст

Мали деца, мали проблеми. Големи деца, големи проблеми...

Џил Смоклер е мајка на три деца и креатор на сајтот Scary Mommy, која привлече огромно внимание со својата колумна „10 причини зошто децата се полоши на 3-годишна отколку на 2-годишна возраст“. Џил е и еден од најпродаваните автори според The New York Times, а нејзините книги воглавно се наменети за родителите. Нејзината популарност се должи на искрениот, хумористичен и понекогаш саркастичен начин на пишување.

Текстот на Џил ќе ве насмее, независно од возраста на вашето дете.

Дете
  • На две, едвај зборуваат. На три, никогаш не замолчуваат.
  • На две, плачат. На три, имаат толку епски напади на бес, што на моменти сте убедени дека се опседнати од ѓаволот.
  • На две, со задоволство јадат сè што ќе ставите пред нив. На три, јадат само три јадења.
  • На две, капењата траат 10 минути и резултираат со чисто дете. На три, капењата одземаат повеќе од еден час, а резултатот е потопена бања, накисната мајка и 16 валкани крпи.
  • На две, носат пелени кои им ги менувате на одредено време. На три, се одвикнуваат од пелени и светот се врти околу нивните мочки и какушки.
  • На две, можете да ги задоволите со едно пакување грицки додека пазарувате. На три, сакаат да ви го диктираат целиот список за пазарување.
  • На две, ви дозволуваат да ги облечете, а притоа изгледаат невино и слатко. На три, инсистираат сами да ја изберат својата облека, а на крајот изгледаат како мини верзии на лица од ментална институција.
  • На две, не сакаат да се валкаат. На три, живеат од тоа.
  • На две, можете да правите многу нешта за нив, што ви заштедува бескрајно многу време. На три, тие мора да прават сè сами, а тоа трае ЦЕЛА ВЕЧНОСТ.
  • На две, манипулирањето е последното нешто кое им паѓа напамет. На три, ве вртат на малото прсте. И го знаат тоа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.