Храбро девојче преживеало напад од ајкула, но и покрај раната на ногата, се вратило во водата за да ја спаси својата другарка.
10-годишната Кејли Зармак заслужено е нарекувана херој. Додека излегувала од водата, таа била касната на ногата од ајкула. Кога видела дека нејзината 6-годишна другарка сè уште не е излезена на плажата, таа се вратила назад во океанот и ја извлекла.

По страшниот инцидент, Кејли била префрлена во болница, каде докторите ѝ ја затвориле раната со 90 конци.
„Се гордеам со неа и многу сум благодарен што се опоравува. Нема трајно оштетување колку што знаеме и ми рекоа дека ќе заздрави. За кратко време ќе може да трча, скока, плива и сурфа. Ќе има убава голема лузна и доста добра сторија за раскажување“ – изјавил таткото на Кејли.
