Почетна » Новости » Занимливости » Хит фотографија: Фризерка потстрижува аутистично момче седната на подот

Хит фотографија: Фризерка потстрижува аутистично момче седната на подот

Фризерка доби илјадници комплименти на интернет откако успеа на смирен начин да потстриже детенце со аутизам. Фотографијата од ситуацијата беше објавена на профилот на Facebook на мајката на момчето, Џенифер, и оттогаш брзо се распространи на социјалните мрежи.

Кејлин и Ајзеја

За Џенифер, потстрижувањето на нејзиниот син Ајзеја отсекогаш било проблем, бидејќи поради сензорна преосетливост, тој не дозволувал никакви звуци во близина на неговите уши. Најчесто посетите во фризерски салон за нив завршувале неуспешно сè додека не го посетиле салонот на Кејлин во Чарлстон.

Упорната фризерка седнала на подот со Ајзеја и низ разговор со него успеала да му ја скрати косата. Прочитајте го текстот на Џенифер наменет за добродушноста на Кејлин:

Оваа жена, Кејлин од „Sports Clips“ од Чарлстон, направи многу повеќе за моето срце одошто веројатно си мисли. Потстрижувањата со Ајзеја не се мали подвизи. Тој мрази да има нешто во близина на неговите уши, па звукот на ножиците го фрла во паника... оваа вечер не беше поразлична. Бев подготвена да се откажам, но таа не беше. Таа седна на подот со моето дете во скутот и му ја потстрижа косата. Разговараа за Дори и Божиќ и таа дури му дозволи да ја испрска со нејзиниот спреј со вода.

Аутизмот може да биде многу, многу тежок, но ваквите личности ни ги прават деновите малку полесни.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.