Почетна » Новости » Занимливости » Хит фотографии: Бербер потстрижува аутистично дете легнат на подот

Хит фотографии: Бербер потстрижува аутистично дете легнат на подот

Внимателен бербер ги освои симпатиите на многу лица откако пронајде начин како на смирен начин да потстриже аутистично дете. Фотографиите, на кои тој лежи на подот и го потстрижува малиот Мејсон кој гледа видеа на мобилен телефон, привлекоа големо внимание на Facebook.

Мејсон и Џејмс

Родителите на малото детенце, Џејми и Денин, кои пред неколку месеци дознале дека нивниот син има аутизам, не можеле да најдат фризер за Мејсон. По препорака, го посетиле салонот на берберот Џејмс Вилијамс.

Но, поради сензорна преосетливост, Мејсон не дозволувал Џејмс да се приближи со ножицата до едното негово уво и станувал од столчето. И покрај неуспешните обиди, Џејмс не се откажал.

Упорноста се исплатила кога Вилијамс одлучил да слезе на нивото на Мејсон наместо да го принудува да седи на столчето. Лежејќи на подот, тој успеал да му подари нова фризура на Мејсон, а широка насмевка на лицата на неговите родители.

Мејсон и Џејмс Мејсон и Џејмс

„Постигнав нешто во работата која ја сакам, усреќувајќи ги двајцата родители со огромното внимание кое му го посветив на Мејсон и градејќи пријателство и доверба меѓу нас. На крајот се поздравивме, а тој ме гушна. Вистинска берберска љубов“ – пишува тој на својот профил.

Мејсон и Џејмс

Тоа се нарекува љубов кон својата професија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11445 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.