Почетна » Новости » Занимливости » Хит фотографии: Хирург со цртани филмови смирува 2-годишно девојче пред операција на срцето

Хит фотографии: Хирург со цртани филмови смирува 2-годишно девојче пред операција на срцето

Хирург од Кина заслужено доби аплаузи и комплименти од илјадници родители низ светот, откако утеши 2-годишно девојче кое силно плачело пред операција на срцето.

Ше Џуо и пациентка Ше Џуо и пациентка

Имено, малото девојче започнало да липа штом влегло во операционата сала, каде требало да му биде направена операција на срцето. Како татко на 6-годишно дете, хирургот и заменик директор на одделот за операции на срце Ше Џуо знаел точно што треба да направи. Тој ѝ пуштил цртани филмови на својот мобилен телефон и ја држел во скутот сè додека не ја избркал и последната солза од нејзиното лице.

Фотографиите биле направени на 18 септември во болница во Џеѓанг од анестезиолог кој работел таму.

Ше Џуо и пациентка Ше Џуо и пациентка

Во интервју за People’s Daily Online, Ше рекол: „Во реалноста, не е важно дали е момче или девојче, сите се плашат во операционата сала. Како родители, го разбираме стравот на децата и ја цениме загриженоста на семејството.“

Тој објаснил дека ваквите ситуации не се ретки и дека и други членови од персоналот во минатото им пружеле утеха на пациенти.

Таткото на девојчето воопшто не знаел за случката, бидејќи кога Ше излегол од операционата сала му рекол само дека операцијата била успешна. „Кога заврши операцијата, д-р Ше ми кажа дека беше многу успешна. Не знаев сè додека друг пациент не ми ги покажа на телефонот фотографиите кои ми го стоплија срцето. За малку не се расплакав. Како татко, многу му сум благодарен на д-р Ше што се погрижи за мојата ќерка на овој начин“ – рекол таткото на девојчето, кое деновиве треба да излезе од болница.

Ше Џуо и пациентка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12089 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.