Почетна » Новости » Занимливости » Хит приказна: Изневеруван маж ѝ подготвил одмаздничко изненадување на сопругата

Хит приказна: Изневеруван маж ѝ подготвил одмаздничко изненадување на сопругата

Приказната за изневеруван маж, кој пронашол идеален начин за да ѝ се одмазди на неверната сопруга, како вирус се шири на интернет.

Возбудливата приказна е објавена пред неколку дена од The San Francisco Globe, а оттогаш е споделена илјадици пати на социјалните мрежи. Сè уште не се знае кој е „креативниот“ сопруг, или дали воопшто постои таков, ниту дали настанот е вистинит. Во секој случај, приказната е забавна.

Пар

Имав претчувство дека сопругата ме изневерува, бидејќи гледав многу предупредувачки знаци во нејзиното однесување. Постојано се смешкаше додека пишуваше СМС пораки, а кога ќе ја прашав со кого си пишува, ми велеше дека тоа е нејзината мајка. Постојано остануваше до доцна на работа, а кога ќе се јавев на работа, колегите, тие ми велеа дека заминала пред неколку часа. Кога ја прашав што се случува, таа започна да се смее, велејќи ми дека на работа постојано се шегуваат на таков начин еден со друг.

Капката која ја прелеа чашата и кога знаев дека дефинитивно се случува нешто беше кога таа излезе „да купи млеко“ во 11.30 часот вечерта и не се врати дома сè до 2 часот по полноќ. Ако можам нешто мудро да им кажам на лицата кои се сомневаат дека партнерот ги изневерува, тоа е да изнајмат приватен детектив. Тие ем се добри во својата работа, ем ќе им обезбедат докази кои ќе им помогнат во постапката за развод.

Неколку месеци подоцна беше нејзиниот роденден. Да, знам дека се прашувате зошто сум чекал со месеци пред да се соочам со неа и дали тоа мораше да се случи на нејзиниот роденден.

Одговорот на првото прашање е дека сакав да соберам колку што е можно повеќе докази за да му ги предадам на мојот адвокат, а и ми требаше време за да пронајдам ново место за живеење. Одговорот на второто прашање е: Се разбира дека тоа мораше да се случи на нејзиниот роденден. Кога ја прашав што сака да прави за роденденот годинава, таа инсистираше да одам со моите пријатели некаде надвор од градот, зашто таа секако морала да работи, а и не сакала да биде потсетувана дека старее.

Знаев дека намислила нешто и откако пронајдов шампањ и две чаши скриени во плакарот, ми светна нешто. Па, го направив она што секој разумен маж би го направил. Заминав и отидов во домот на мој пријател, преправајќи се дека сум надвор од градот. Додека бев кај него, им се јавив на мајка ѝ, татко ѝ, сестра ѝ и на неколку нејзини пријатели. Им кажав дека сакам да се прикрадам во нашата соба со конфети, свирчиња и голема торта со свеќи и да ѝ приредам големо изненадување. Звучи забавно, зарем не? Така и беше.

Ги договорив сите да се сретнеме пред мојот апартман во 8:30 наутро. Сите осуммина се напикавме во лифтот, мајка ѝ ја држеше тортата, а јас уште еднаш ги потсетив дека мора да бидат екстремно тивки. Го ставив клучот во клучалката и отклучив. Сите се прикрадовме до спалната соба со свирчињата во раце, а мајка ѝ ја држеше тортата, смеејќи се до уши.

Кога ја отворив вратата, сите викнавме „Изненадување!“

Но, таму нас нè чекаше изненадување, бидејќи жена ми стоеше гола, а нејзиниот љубовник зјапаше во нас со ококорени очи. Мајка ѝ ја испушти тортата, сестра ѝ започна да вреска, а татко ѝ да вика. Јас се преправав дека сум потресен. Пријателите се обидуваа да ги извадат сите надвор од собата, притоа викајќи по неа. Мојата сопруга, се извинувам, поранешна сопруга липаше, прашувајќи ме како сум можел да го направам тоа, додека пак нејзиниот љубовник очајно се обидуваше да си ги облече панталоните и со трчање бегаше.

Нема потреба да кажувам дека тоа беше еден од најдобрите подароци кои некогаш сум ги подарил.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.