Почетна » Новости » Занимливости » Хит порака на маж до бившиот на девојка си: „Ти благодарам што си замина, што ја напушти“

Хит порака на маж до бившиот на девојка си: „Ти благодарам што си замина, што ја напушти“

Кратко писмо на маж до поранешниот партнер на својата девојка кружи на интернет. Прочитајте ја пораката која допре до илјадници срца, а беше споделена на профилот на Facebook „Love What Matters“:

Пар

„До мажот која ја пушти да си замине“

Ти благодарам. Ти благодарам што си замина од нејзиниот живот, што ја напушти. Ти благодарам што ми даде шанса да ја сакам, да ги правам нештата кои ќе ја усреќуваат, навистина да ја чувам.

Ти благодарам што ја повреди. Ако не го направеше тоа, таа немаше да научи драгоцена лекција. Ќе дадам сè од себе за да не ја повредам, бидејќи ме боли кога ја гледам како плаче. Ќе ги правам сите нешта кои ти не ги правеше за неа, ќе бидам таму кога таа ќе се чувствува осамена, таа ќе ми биде приоритет и нема да дозволам да се почувствува како да е само опција, ќе ги слушам нејзините приказни, поплаки и жалби, без оглед на тоа колку бизарни или клише се тие. Ќе ѝ посветам време и внимание, дури и кога таа не го бара тоа од мене.

Ќе се грижам за девојката која ти не ја ценеше. Ќе ја сакам девојката која ти ја земаше здраво за готово.

Ќе направам сè што можам за да ја задржам. Ќе ја сакам за сè што е таа, ќе ја поддржувам во сè што сака да биде. Ќе бидам партнерот кој ти никогаш не успеа да бидеш за неа. Ќе бидам мажот кој никогаш нема да ја направи истата грешка која ти ја направи.

Никогаш нема да ја пуштам да си замине.

"To the man who let her go,Thank you. Thank you for walking out of her life, for leaving her. Thank you for giving me...

Posted by Love What Matters on среда, 23 март 2016

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11524 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.