Почетна » Новости » Занимливости » Хит на Балканот: Младенци со свадбена фотографија и силен текст докажуваат дека љубовта не познава граници

Хит на Балканот: Младенци со свадбена фотографија и силен текст докажуваат дека љубовта не познава граници

Пар од Травник со силна порака и свадбена фотографија освојува илјадници срца низ Балканот и одржува скапоцена лекција.

Хрватката Елизабет Хргиќ и Бошњакот Инас Дагоја споделија фотографија на која позираат со споени раце на различни страни на метална ограда. Станува збор за ограда која ги разделува нивните поранешни училишта – католичкиот училиштен центар во кој се едуцирала Елизабет и мешаната школа во која учел Инас.

Пораката на младенците потенцира дека љубовта не познава граници и руши предрасуди наметнати од општеството.

Мајка

Ние двајца. Секој пред школото во кое одеше. Во еден двор поделен на два света. Во еден двор кој големите го преградија со ограда. Ограда со која нас нè уверуваа дека оние на другата страна се поразлични, злобни и бедни. И ние како мали можеби им верувавме. Но, што значи една ништожна жица, парче арматура, која во очите на големите значеше заштита? Што значи во љубовта?

Љубов која руши граници, бариери, предрасуди, гордост. Љубов која во оној другиот гледа човек. Човек со срце и душа, составен од крв и месо, со илјада и една доблест и маана.

Ние се препознавме. Невидлива рака одбра ние двајца да сакаме, да љубиме, да простуваме, да градиме некои подобри светови, да имаме деца и да ги учиме на вистинските човечки вредности.

Денес сум благодарна за сè. За двете училишта. За оградата. За препреките и бариерите. Затоа што да ја спознаеш љубовта, да љубиш и да бидеш љубен значи да ја изгаснеш омразата во себе, да простуваш и да градиш мостови кои во човекот гледаат човек.

Ние двајца, деца, од оваа и онаа страна на оградата, нашата и нивната ограда, ви посакуваме покрај себе да имате некој кој во вас ќе пробуди љубов и ќе ве направи најсреќната и најсаканата личност на светот. Онака како што ние го направивме за себе.

Радувајте се на секој нов ден и учете ги децата дека сите се исти, дека не е важно дали сме бели или црни, дали се крстиме или клањаме. Учете ги децата да бидат добри луѓе, за оние големите да не веруваат дека оградата е заштита, туку дека и на другата страна растат добри, талентирани, духовити деца полни со љубов.

Нека љубовта ви биде смислата на животот.

Ела и Инас

Објавата на Facebook досега има над 6.700 допаѓања, над илјада споделувања и речиси 500 коментари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.