Почетна » Новости » Занимливости » „Хачико од Грција“: Куче 18 месеци живее на местото каде почина неговиот сопственик и го чека да се врати

„Хачико од Грција“: Куче 18 месеци живее на местото каде почина неговиот сопственик и го чека да се врати

Ја знаете ли сторијата за Хачико, кучето кое секој ден цели девет години на железничката станица во Токио го чекаше да се врати неговиот сопственик кој почина? За него е снимен филмот со Ричард Гир „Hachi: A Dog's Tale“.

Приказна за куче од Грција потсетува на верноста на Хачико.

Лојалниот миленик веќе 18 месеци живее на местото каде неговиот сопственик направил сообраќајна несреќа и починал како последица на повредите. 40-годишниот Харис издишал за последен пат на 9 ноември 2017 година, а белото крзнено животно сè уште го чека покрај патот кај реката Евинос, не сфаќајќи дека тој повеќе нема да се врати.

Куче Куче Куче

Локалните жители на Нафпактос биле потресени од веста за несреќата, бидејќи и братот на Харис претходно имал иста судбина.

Не е познато како кучето стигнало до местото кое се наоѓа на 12 километри од неговиот дом, но познато е дека локалното население многупати безуспешно се обидувало да му најде нов дом и да го тргне од патот. Бидејќи кучето постојано се враќало таму, луѓето одлучиле да му направат засолниште покрај дрвеното црквиче подигнато во чест на неговиот сопственик. Тие редовно му носат храна и вода додека тоа трпеливо го чека својот омилен човек да се врати.

Куче Куче

Импресионирани од неговата лојалност, локалните жители го нарекоа „Хачико од Грција“.

Куче Куче

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10608 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.