Почетна » Новости » Занимливости » Фустанот на Дороти од „Волшебникот од Оз“ продаден за 1,4 милиони евра

Фустанот на Дороти од „Волшебникот од Оз“ продаден за 1,4 милиони евра

Фустанот кој Џуди Гарланд го носеше кога влезе во улогата на Дороти во „Волшебникот од Оз“, се продаде за 1,4 милиони евра на аукција во Њујорк.

Иако биле направени десет исти фустани за потребите на филмот, се верува дека тој е еден од двата фустани во кои Џуди се појавува на големото платно.

Фустанот на Дороти од Волшебникот од Оз Фустанот на Дороти од Волшебникот од Оз

Сино-белиот фустан од популарниот филм од 1939 година бил продаден на анонимен купувач кој учествувал во наддавањето преку телефон.

Пред една година, костимот на плашливиот лав носен од Берт Лар се продаде на аукција за речиси 3 милиони евра.

Фустанот на Дороти од Волшебникот од Оз Фустанот на Дороти од Волшебникот од Оз

Еден пар од црвените чевлички на Дороти пред 10 години беше украден од музејот Џуди Гарланд во Минесота. Пред неколку месеци беа понудени 1 милион долари како награда за оној кој ќе ги врати препознатливите чевли.

Фустанот на Дороти од Волшебникот од Оз Фустанот на Дороти од Волшебникот од Оз

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10360 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.