Почетна » Новости » Занимливости » Фотографијата која спаси две кучиња од смрт ќе ви го згрее срцето

Фотографијата која спаси две кучиња од смрт ќе ви го згрее срцето

Само една споделена фотографија ја промени судбината на две кученца. Кучињата Кала и Кира требало да бидат успиени, но откако здружение за спасување на животни сподели фотографија на која уплашените кучиња се прегрнати, нивната приказна доби среќен крај.

Само 2 часа и 6 минути откако здружението „Angels Among Us“ ја објави фотографијата, волонтер се пријавил да ги вдоми кученцата и со својата добродушна постапка им го спасил животот.

Кала и Кира

Од здружението од Атланта, Џорџија, споделија и втора фотографија од Кира и Кала со новиот сопственик. „Тие се безбедни. Не постојат зборови со кои можеме да ви опишеме колку сме среќни што овие најдобри пријатели се безбедни и заедно“ – пишува на постот на Facebook.

Кала и Кира со новиот сопственик

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11348 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.