Додека голем дел од компаниите се дистанцираат од весели и разиграни работни места, има и такви кои ја користат шареноликоста за да ја развиваат креативноста на своите вработени.
Компанијата King, која стои зад популарната игра Candy Crush, создаде канцеларии за своите вработени инспирирани од игрите кои тие ги создаваат. Колоритните простории се наоѓаат во Стокхолм. 42-те соби за состаноци ги вклучуваат ликовите од различните игри на King.



„Користејќи ги двестете игри на King, создадовме средина во која сите вработени ќе можат да работат и да се инспирираат од светот на игрите“ – изјавил Ханс Адолфсон, кој стои зад дизајнот на креативните простории. „Ние не направивме канцеларија. Ние создадовме царство“ – додал тој.





















