Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Уметничко дело на Пикасо продадено за рекордни 179 милиони долари

ФОТО: Уметничко дело на Пикасо продадено за рекордни 179 милиони долари

Сликата на Пабло Пикасо „Les femmes d'Alger“ (Верзија О) се продаде за неверојатни 179,4 милиони долари. Анонимен колекционер го купи уметничкото дело во Њујорк, а со тоа постави нов рекорд за најскапа слика продадена на аукција. Се претпоставува дека купувачот е од Азија.

„Les femmes d'Alger“„Les femmes d'Alger“ на Пикасо „Les femmes d'Alger“

Легендарниот Пикасо ја започнал серијата слики „Les femmes d'Alger“ (Жени од Алжир) во 1954 година, кратко време по смртта на неговиот познат пријател Анри Матис. Сликите се инспирирани од делото „Femmes d'Alger dans leur appartement“ од 1834 година на Делакроа.

„Les femmes d'Alger“„Femmes d'Alger dans leur appartement“ на Делакроа

Ремек-делото кое деновиве го привлекува вниманието на светската јавност е означено како Верзија О, а некои го сметаат за кулминација на кариерата на Пикасо.

На истата аукција беше поставен и рекорд за најскапа скулптура. Скулптурата „L'Homme au doigt“ на Алберто Џакомети достигна крајна цена од 141,3 милиони долари.

„Les femmes d'Alger“„L'Homme au doigt“ на Алберто Џакомети

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11158 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.