Тал Пелег продолжува да го одушевува светот со своите минијатурни ремек-дела кои ги слика на своите очни капаци. Талентираната Израелка умешно ги користи сенките за очи и ајлајнерот за да долови сцени од детските бајки, филмовите и класичните романи, но и за да пренесе емоции и силни пораки.






Пелег започна да си го пробива патот кон славата како мејкап артистка која црпеше инспирација од детските книги. Но, сега таа сè почесто навлегува и во посериозни теми. Минатата година Тал создаде цртеж со силна порака за малтретирањето. „Зборовите можат да бидат опасни, користи ги мудро“ – стои во описот на фотографијата.

Со свои дела, Пелег често се вклучува во иницијативи и кампањи со хуманитарна цел. За кампањата наменета за собирање средства за деца болни од рак „Knock on the door“, таа создаде шминка со опис „Hope for a better future“ (Надеж за подобра иднина).

Тал, која има речиси 130.000 следбеници на Instagram и 190.000 допаѓања на Facebook, смета дека шминката има моќ не само да ја направи жената убава, туку и целосно да ја трансформира. Погледнете дел од нејзините дела:






















