Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Тежела 127 килограми, но со многу труд целосно си го промени изгледот

ФОТО: Тежела 127 килограми, но со многу труд целосно си го промени изгледот

Кога Џејд Дилејни се вработила како чистачка во фитнес сала, тежела 127 килограми. 21-годишната девојка секојдневно била опкружена со лица во одлична физичка форма кои водат здрав живот, па била доволно мотивирана да направи суштински животни промени.

Еден ден таа започнала да им поставува прашања за исхраната на фитнес тренерите. Нивните совети ѝ помогнале да научи да се храни здраво и целосно да се оттргне од брзата храна. Краток период откако прифатила нов режим на исхрана, Џејд започнала и да вежба секое утро во 6.30 часот, пред почетокот на работното време. Резултатите се очигледни. Таа успеала да ја намали телесната тежина до 70 килограми.

Џејд Дилејни

За време на слабеењето, Џејд никогаш не ја мерела својата тежина. „Луѓето се премногу опседнати со мерење на ваги, ако тренирате правилно и се храните добро, не би требало да се грижите за вагата“ – советува таа.

Решителната девојка започнала да студира фитнес менаџмент и планира да започне кариера како личен тренер. „Пред само една година јас бев потполно друга личност. Не знаев дека ќе ослабам толку многу, а сега сум на пат да станам и личен тренер“ – рекла гордо таа во интервју за Mirror.

Џејд Дилејни

„Морав да се оддалечам од одредени луѓе кои ме демотивираа и да ги задржам до себе пријателите и семејството кои ме поддржуваа 100%. Сега не би сакала да се вратам на стариот начин на живот. Сакам да им помагам на луѓето и да ги инспирирам да го направат она што успеав јас да го направам“ – изјавила таа.

Џејд Дилејни Џејд Дилејни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11499 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.