Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Татко и ќерка пресоздаваат иста фотографија 35 години

ФОТО: Татко и ќерка пресоздаваат иста фотографија 35 години

Традиција на татко и ќерка, која трае 35 години, ќе ве убеди дека семејните албуми се скапоцен спомен. 36-годишната Хуахуа и нејзиниот 62-годишен татко секоја година се фотографираат на истото место, во истиот период од годината.

Кинезот Хуа Јуенќинг имал само 26 години кога за првпат се фотографирал со својата едногодишна ќеркичка покрај езерото Џенѓанг во август 1980 година. Иако немал намера да започне некаква семејна традиција, фотографијата толку многу му се допаднала, што тој решил да ја повтори следната година. „Така тоа ни стана еден вид семејна традиција која ја негуваме со само една пауза во 1998 година, кога ќерка ми беше надвор од државата и не можеше да ни се придружи на семејниот одмор“ – рекол таткото.

 Хуа и Хуахуа  Хуа и Хуахуа

Во 2008 година пред фотоапаратот за првпат им се придружува и првата ќеркичка на Хуахуа, а во 2012 година фотографиите ги разубавува и нејзината втора ќерка.

Фотографиите, кои внимателниот татко неодамна ги објави онлајн, го прикажуваат трансформирањето на Хуахуа од малечко девојче во жена и мајка и на Хуа од млад татко во дедо на две девојчиња.

 Хуа и Хуахуа  Хуа и Хуахуа

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.