Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Спорт, цветна мода и хуманитарна акција на хиподромот во Радишани

ФОТО: Спорт, цветна мода и хуманитарна акција на хиподромот во Радишани

Во организација на Македонската коњичка федерација и Коњичкиот клуб ДОНА, на хиподромот во Радишани се одржа четвртото коло од државното првенство во прескокнување пречки.

На натпреварот учествуваа 6 македонски коњички клуба и 2 гостински клуба од соседните земји Србија и Бугарија. Во првиот дел се одржаа четири натпревари во прескокнување на пречки, во различни категории.

Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани

Во вториот дел, настанот прерасна во добротворна и општествено одговорна манифестација. Во организација на КК ДОНА и Моден Викенд – Скопје, беше претставена модна ревија на шапки од свежо сезонско цвеќе, креации на дизајнерката Јагода Пачемска, изработени во модното студио ФУ-БУ.

Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани

Посетителите имаа единствена можност да ги купат шапките, а средства од продажбата се наменети за купување на коњ за хипотерапија и обука за остручување на хипотерапевти со цел да се помогне во рехабилитацијата и ревитализацијата на деца со посебни потреби во Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“.

Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани Државно првенство во Радишани

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11982 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.