Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Со $40 ѝ направила имитација на лобутинки од $6.000 на сестра си за матурата

ФОТО: Со $40 ѝ направила имитација на лобутинки од $6.000 на сестра си за матурата

Сестринска љубов...

Девојка, која заслужено е нарекувана најдобрата сестра на светот, на креативен начин ја покажа љубовта кон сестра си, претворајќи ѝ обувки од 25 долари во блескава имитиција на дизајн од Кристијан Лобутин.

Корисничката на Reddit ethical_rhyme на одреден начин ѝ ја исполнила желбата на својата сестра да зачекори на матурската вечер во обувки од незаменливиот Кристијан Лобутин. Со мал паричен влог и многу трпение и прецизност, таа ја усреќила својата сестра.

Креативната девојка искористила обувки со змиски принт од Стив Меден кои чинат само 25 долари и со малку боја и многу циркони направила тие да наликуваат на лобутинките „Daffodile Strass“ кои чинат речиси 6.000 долари.

Обувки Обувки Обувки Обувки Обувки Обувки Обувки Обувки Обувки Обувки Обувки Обувки

Посветената девојка дури ѝ направила и резервни ниски обувки, во случај високите потпетици да ѝ предизвикуваат болка на сестра ѝ.

Обувки

„Колку внимателен подарок. Изгледаат НЕВЕРОЈАТНО. Прекрасно е што вложи толку многу време и труд за да ѝ ја направиш таа вечер на твојата сестра уште поспецијална“, „Заврши одлична работа, се обложувам дека таа беше одушевена. Тоа е плодот на љубовта кој е бесценет. Изгледаат прекрасно“... тоа се само дел од позитивните коментари кои грижливата сестра ги доби за својот прекрасен гест.

Па... кој не би посакал ваква сестра?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11334 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.