Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Слеп уметник го користи сетилото за допир за да создава колоритни слики

ФОТО: Слеп уметник го користи сетилото за допир за да создава колоритни слики

Уметноста отсекогаш била важен дел од животот на Џон Бремблит, но тој целосно ѝ се посветил откако во 2001 година го изгубил својот вид.

Бремблит слика со помош на својот допир, визуализирајќи го во својата глава она што треба да го наслика. На платното, тој прво црта испакнати линии кои му служат како водич, а потоа започнува да го обојува просторот помеѓу нив.

Џон Бремблит

Талентираниот сликар не се чувствува многу поразличен од своите колеги, бидејќи умее вешто да ги користи своите раце како замена за очите. „Сликам на истиот начин како и секој друг уметник. Единствената разлика е што јас морам да го користам својот допир за нештата за кои уметниците ги користат очите. Ги заменувам очите со рацете. Можам да замислам како изгледа една личност допирајќи го нејзиното лице“ – вели Џон.

Џон Бремблит Џон Бремблит Џон Бремблит

Џон имал само 30 години кога целосно ослепел како последица на честите епилептични напади. Но, губењето на видот не бил единствениот проблем со кој се соочувал Бремблит на почетокот од четвртата деценија од својот живот, бидејќи набрзо западнал во депресија. Тој во повеќе наврати ја опишува депресијата како „најтемното и најдлабокото место“ на кое некогаш бил.

Џон Бремблит Џон Бремблит

За среќа, за помалку од една година Џон пронашол начин како да се извлече од канџите на депресијата и го направил тоа со помош на уметноста. Бремблит развил целосно нов начин за сликање, користејќи го своето сетило за допир за да ги разликува боите и да ги чувствува линиите во своите дела. „Со текот на времето развив различни техники кои ми овозможуваат да бидам многу попрецизен во цртањето на линиите“ – вели Бремблит.

Џон Бремблит Џон Бремблит Џон Бремблит

Денес Џон е многу успешен и неговите слики се продаваат во повеќе од дваесет земји низ светот. Тој секојдневно мотивира и инспирира други луѓе, независно дали се слепи или не, да не се плашат да го покажат својот талент. „Секој крие уметник некаде во себе. Понекогаш е потребна мала помош за да го ослободите“ – тврди Бремблит.

Џон Бремблит Џон Бремблит Џон Бремблит Џон Бремблит Џон Бремблит Џон Бремблит Џон Бремблит Џон Бремблит Џон Бремблит

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11428 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.