Реан е француски фотограф кој за време на своите патувања низ Виетнам дошол до заклучок дека многу од жителите ја кријат својата насмевка со рацете, како знак на скромност или учтивост.
Така, 35-годишниот Французин одлучил да направи проект наречен „Hidden Smiles“ или „Скриени насмевки“ и да се фокусира кон овековечување на неодоливите насмевки на Виетнамците. Реан три години престојувал во Хој Ан, Виетнам и вели дека преку своите фотографии открил зошто Виетнам е рангирана меѓу најсреќните земји во светот.



И покрај тоа што насмевките се сокриени, на портретите јасно може да се видат линиите на лицето и околу очите, предизвикани од среќните емоции.
„Виетнамците се најпозитивните и најоптимистичните луѓе кои ги имам запознаено во мојот живот. Тоа ми дава позитивна енергија секој ден. Тоа е Фенг Шуи: само добра енергија!“ – вели талентираниот фотограф.






„Сметам дека имаш добра фотографија кога можеш да ја доловиш душата, да прочиташ приказна во очите. Доловувањето на емоциите не е лесно“ – објаснува Реан.







