Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Русинката Анжелика Кенова е новата жива Барби

ФОТО: Русинката Анжелика Кенова е новата жива Барби

Анжелика Кенова негува имиџ на барбика. 26-годишната Русинка уште од мала била облекувана како кукла и до ден-денес не го напуштила тој куклен стил.

Кенова тврди дека нејзиниот изглед е природен и дека досега си нема направено операција за коригирање на изгледот. Таа сè уште живее со своите родители во Москва и наводно никогаш досега немала момче.

Анжелика Кенова Анжелика Кенова Анжелика Кенова Анжелика Кенова Анжелика Кенова

„Уште како дете моите родители ме облекуваа како Барби, па мило ми е што ме етикетираат така. Барби е идол на многу девојки низ светот“ – изјавила таа и признала дека родителите целосно ѝ го контролираат животот.

Анжелика Кенова

„Додека растев, моите родители ме гледаа како принцеза и никогаш не ме пуштаа надвор или да се состанувам со момчиња. Како резултат на тоа, не можам да се прилагодам на реалниот живот – јас сум жива кукла.

Мајка ми и татко ми не сакаат да се иселам од семејниот дом. Дури и не ми е дозволено сама да си купувам облека без мајка ми. Таа избира алишта кои се прилепени за мојата фигура. Мајка ми исто така бара да ме придружува на љубовни состаноци. Морам да резервирам маса за тројца за таа да седи на иста маса додека сум излезена со момче. Па, никогаш не сум имала момче во вистинска смисла на зборот. Сите момци кои ги познавам ми се само пријатели, за жал“ – рекла таа.

Анжелика Кенова Анжелика Кенова

Во интервју за британските медиуми, Кенова изјавила и дека нејзиниот имиџ е избор на нејзините родители. „Не избрав сама да имам имиџ на кукла, моите родители го избраа тоа. Кога наполнив 6 години, мајка ми започна да ми купува Барби кукли и ентузијастички да ме облекува како нив. Кога станав тинејџерка, моите родители ангажираа личен тренер кој создаде индивидуална програма за тренирање за мене. Мојот личен тренер ме советува и што да јадам, но нема да ја откријам мојата диета. Тоа е тајна“ – објаснила таа.

Анжелика Кенова Анжелика Кенова

Анжелика дополнила и дека еден ден би сакала да живее самостојно, без своите родители, но дека тоа би предизвикало семеен скандал.

Иако русокосата девојка негира дека има легнато под нож, многумина се убедени дека нејзиниот изглед е резултат на операции и дигитална обработка на фотографиите.

Анжелика Кенова Анжелика Кенова Анжелика Кенова Анжелика Кенова Анжелика Кенова Анжелика Кенова Анжелика Кенова Анжелика Кенова Анжелика Кенова Анжелика Кенова

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11128 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.