Ако некогаш сте се прашувале како би изгледале шармантните принцови од цртаните филмови на Дизни кога би биле реални, тогаш овие дигитални портрети ќе ви го дадат одговорот.
Јирка Ваатаинен, кој е графички дизајнер, ги создава дигиталните дела со комбинирање на елементи од различни фотографии од реални луѓе, а потоа ги финишира со дигитално цртање и Фотошоп.
Претходно Ваатаинен ја понуди и својата замисла за занесните дизниеви принцези, а неодамна се инспирираше и од дизниевиот хит „Frozen“ и ги наслика ледената кралица Елса и нејзината сестра Ана.