Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Позитивна девојка, која на 23 години го победи ракот, си ги покри лузните на градите со тетоважи

ФОТО: Позитивна девојка, која на 23 години го победи ракот, си ги покри лузните на градите со тетоважи

Девојка, која на 23 години си направила двојна мастектомија поради рак, си ги покри лузните со тетоважи за да си ја врати контролата врз сопственото тело. Тетоважите во форма на срце се еден вид душевна терапија за храбрата пациентка.

Ники Блек Ники Блек

Ники Блек ја добила лошата дијагноза откако си направила биопсија на 23 години. Веднаш следувала двојна мастектомија, проследена со хемотерапии.

Паѓањето на косата и останатите странични ефекти од лекувањето биле многу тешки за Ники, бидејќи таа полека ја губела контролата врз своето тело. „Повеќе не чувствуваш дека го поседуваш сопственото тело. Менструацијата ти престанува. Имаш жешки бранови. Едноставно ти станува неудобно во твоето тело“ – рекла Блек за The Daily Mail.

Ники Блек

Ники била особено изненадена од фактот што мажите често ја сексуализирале оваа болест. „Имаше момчиња кои ме прашуваа која големина гради планирам да си ставам, кои ми кажуваа дека ќе им недостигаат моите гради...“ – рекла Ники.

Откако успеала да се избори со болеста, младата девојка била одлучна дека нема да ѝ дозволи на болеста да го обележи нејзиното тело и си ги покрила лузните со тетоважи. „Причината за тетоважите не е тоа што сакав да си го вратам моето тело од пред операцијата. Само сакав да чувствувам дека телото кое го имам е мое“ – пишува Ники во свој текст за XO Jane и додава: „Тетовирањето е како терапија, операција за душата“.

Ники Блек Ники Блек

Иако Блек неодамна дознала дека мора да прима терапија еднаш месечно во текот на следните пет години за превенција, таа вели дека тетоважите ја прават посилна и посреќна. „Тие ми се како оклоп, како заштита од светот. Јас избирам како ќе изгледа моето тело“ – вели Ники.

Ники Блек

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11310 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.