Луѓето често немаат јасна претстава колку калории се кријат во еден оброк, пијалак или слатко задоволство.
Хелен Бонд, консултантка за диететика, реши да направи фото-серијал со кој визуелно ќе претстави како изгледаат 100 калории од одредена храна или пијалаци.
Погледнете ги фотографиите кои ќе ви послужат како водич за бројот на калориите кои ги внесувате со секој свој оброк или закуска.
27 јагоди
200 мл природен сок од портокал
Варено јајце со средна големина (57 гр) и мало парче леб
125 мл бело вино
Едно јаболко и грозд грозје
Три лажици нискомаслен хумус, 8 стапчиња морков и 8 стапчиња краставица
Ореви
Едно јаболко и 125 гр јогурт со ниска масленост
Едно и половина парче сланина
Половина парче Kit Kat
Осум сушени кајсии
80 црници
Четири и половина бразилски оревчиња
Една лажица семки од сончоглед
Една лажица нискомаслен хумус на овесен крекер и 10 тенки парчиња краставица
Една банана со средна големина
Едно парче (78 гр) интегрален леб и една лажица (5 гр) путер од кикирики
Четири праски
20 гр чедар кашкавал
Две парчиња бисквит со овошно желе прелиен со чоколадо
1/3 (85 гр) од мафин со боровница
220 мл пиво
150 мл чоколаден милкшејк
Една лажица суво грозје
Осум стапчиња морков и една лажица доматна салса
