Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Победничките фотографии од National Geographic Traveler 2015

ФОТО: Победничките фотографии од National Geographic Traveler 2015

National Geographic Traveler е натпревар во кој учествуваат професионални фотографи и аматери и ги споделуваат своите највпечатливи фотографии направени од секое ќоше на Земјата.

На натпреварот, кој се одржува 27-ма година по ред, првото место го доби црно-бела фотографија од огромен кит со своето новороденче и неколку нуркачи-фотографи околу нив. Победничката фотографија била направена во Мексико.

Победници на Nat Geo Traveler

„Фотографијата не беше планирана. Јас правев фотографии во близина на главата на китот и наеднаш тој започна да плива кон останатите од нуркачкиот тим. Нуркачите им направија простор на китот и новороденчето, а јас само го притиснав копчето кога мислев дека композицијата е добра“ – изјавил Енуар Паџине Флориек, чие дело е фотографијата од несекојдневната глетка.

Од речиси 18.000 пријавени фотографии, добитник на втората награда е фотографијата од тројца работници кои ѕиркаат преку прозорец прекриен со прашина и песок. Оваа фотографија била направена во Бангладеш.

Победници на Nat Geo Traveler

На фотографијата која ја освои третата награда е прикажана адреналинска трка со камили.

Победници на Nat Geo Traveler

Погледнете ги и останатите седум фотографии кои освоија награди.

Победници на Nat Geo Traveler Победници на Nat Geo Traveler Победници на Nat Geo Traveler Победници на Nat Geo Traveler Победници на Nat Geo Traveler Победници на Nat Geo Traveler Победници на Nat Geo Traveler

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9500 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.