Пред неколку дена јавноста имаше можност да се запознае со десетте новородени панди во Центарот за размножување на панди во Кина. Од раководството на Центарот за заштита на животните во Сечуан соопштија дека младенчињата, кои се на возраст од 2 недели до 2 месеци, се во добра здравствена состојба и одлично напредуваат.
Раѓањето на панди се доживува како посебен настан, затоа што женките можат да се размножуваат само 2-3 дена во годината и најчесто раѓаат едно до две малечки.
Погледнете ги слатките фотографии од малите панди:










Џиновската панда е на листата на загрозени животни. Се смета дека дивата популација не брои повеќе од 1.864 панди.
Sирнете во секојдневието на пандите кои се згрижени во центарот во Кина:











