Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Невиден раскош на свадбата на синот на султанот од Брунеј

ФОТО: Невиден раскош на свадбата на синот на султанот од Брунеј

Злато, дијаманти, смарагди, илјадници гости, 11-дневна прослава, скапоцен бидермаер... Кога еден од најбогатите луѓе на планетата го жени својот син, парите не се никаква пречка при планирањето на екстравагантна и раскошна свадба. Султанот од Брунеј организираше луксузна свадба за својот син, принцот Абдул Малик.

31-годишниот принц стапи во брак со својата избраничка во палатата на татко си која има неверојатни 1.788 простории.

Прославата започнала на 5 април, но кулминирала на 12 април, кога младенците официјално биле претставени пред јавноста како сопруг и сопруга. Парот носел екстравагантна облека.

Невестата буквално блескала со накит од смарагди и дијаманти, меѓу кои дијамантска тијара. Наместо бидермаер од цвеќиња, таа носела скап букет изработен од злато и скапоцени камења.

Свадбата на принцот Абдул Малик

Свадбените обувки се дело на Кристијан Лобутин и се обложени со сваровски кристали, а наместо со обични ремчиња, биле надополнети со златни белезици.

Свадбата на принцот Абдул Малик

Младенците седеле на трон изработен од чисто злато додека ги пречекувале гостите во огромната просторија. Вкупно 6.000 видни лица биле поканети на повеќедневната прослава.

Свадбата на принцот Абдул Малик Свадбата на принцот Абдул Малик Свадбата на принцот Абдул Малик Свадбата на принцот Абдул Малик Свадбата на принцот Абдул Малик Свадбата на принцот Абдул Малик

На свадбената забава парот се појавил во друга облека. 22-годишната принцеза гордо го следела својот сопруг во виолетов фустан и накит со рубини и дијаманти.

Свадбата на принцот Абдул Малик Свадбата на принцот Абдул Малик Свадбата на принцот Абдул Малик Свадбата на принцот Абдул Малик Свадбата на принцот Абдул Малик

Палатата на богатиот монарх има 1.788 соби, 5 големи базени, 257 бањи и гаража со паркинг места за 110 автомобили.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.