Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Не сакала да биде дебела невеста, ослабела 38 кг

ФОТО: Не сакала да биде дебела невеста, ослабела 38 кг

Жена која тежела 90 кг и одбивала да направи свадба, бидејќи не сакала да биде дебела невеста, ослабела 38 кг. Големата трансформација била поттикната од негативен коментар за нејзината тежина. Сега, 31-годишната фитнес ентузијастка е среќно омажена и има фит тело.

Клер Кроутер

Клер Кроутер од Северен Велс започнала нагло да се здебелува додека студирала. Секогаш кога била под стрес, таа посегнувала по нездрава храна како сладолед и пица и во еден момент не можела да го поднесе својот одраз во огледалото. „На висина од 160 см, јас тежев речиси 90 кг и не можев да поднесам да се гледам себеси в огледало. Моето здравје беше во опасност на долгорочен план, бев класифицирана како морбидно дебела и бев лош пример за ќерка ми Моли“ – рекла 31-годишната мајка на едно дете за Daily Mail.

Клер Кроутер Клер Кроутер

Самодовербата на Клер била толку многу нарушена што таа не можела да се гледа на фотографии, па ги избришала сите од фотоапаратот. Таа исто така одбивала да стапи во брак со својот партнер затоа што не сакала да зачекори кон олтарот како дебела невеста.

Пресвртен момент во нејзиниот живот бил кога сопругот на една од нејзините пациентки дофрлил негативен коментар за нејзината тежина. „Се чувствував посрамотено и иако знаев дека тој е во право, фактот што тотално непозната личност ми даде коментар ме вознемири, но и ми даде решителност да се променам себеси“ – објаснила таа.

Клер Кроутер

По таа случка, Клер започнала нагло да го менува начинот на исхрана и се запишала на повеќе фитнес програми. „Бев преплашена кога за првпат влегов во вежбалната. Немав идеја од каде да почнам. Кога сте детето кое секогаш носело белешка за боледување на часовите по физичко и личноста која ги поминала своите позрели години седејќи на каучот, не ви се допаѓа идејата да скокате наоколу и да потите. Но, знаев дека морам да направам нешто“ – рекла Кроутер.

Клер Кроутер

Со поддршка на нејзиниот партнер Стефан, Клер изгубила 38 кг за 10 месеци и во моментов носи конфекциски број 38. „Стефан ми предложи брак и јас реков „да“, знаејќи дека конечно можам да одам и да си купам фустан со самодоверба, без да изгледам како дебела невеста“ – рекла Клер. „Поддршката на мојот сопруг беше пресудна за мојот успех во борбата со тежината, а чувството да работиме заедно беше одлично“ – додала таа.

„Не можеме да поверуваме дека и двајцата имаме оцртани стомачни, а пред неколку години имавме само витки“ – се пошегувала Клер.

Клер Кроутер Клер Кроутер Клер Кроутер Клер Кроутер

Денес, Кроутер не може да си го замисли животот без физичка активност и постојано се подобрува себеси, гордеејќи се не само со својот изглед, но и со фактот што конечно може да ѝ биде пример на ќерката. „Се чувствувам неверојатно, здравствената состојба ми е подобрена и повеќе не ја мразам личноста која зјапа во мене во огледалото. Сега имам самодоверба за да излезам и да го живеам животот до максимум“ – гордо рекла Кроутер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11142 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.