Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Куче една недела го чувало својот заробен пријател пред да биде спасен

ФОТО: Куче една недела го чувало својот заробен пријател пред да биде спасен

Лојално куче, кое цела недела бдеело над својот заробен пријател, ќе ви покаже што значи вистинско пријателство. Тили и Фиби една недела се воделе за исчезнати пред да бидат пронајдени заедно во провалија. Фиби била заробена во стар резервоар за вода, а Тили грижливо стоела над неа.

Тили и Фиби

Фотографиите од двете кучиња биле објавени на профилот на невладината организација за спасување на животни „Vashon Island Pet Protectors“, која цела недела трагала по нив.

Фиби

Тили и Фиби исчезнале од својот дом на 8 септември, а биле пронајдени откако фармер кој живеел во близина на резервоарот забележал црвеникаво куче во близина. Тој стапил во контакт со волонтерите од невладината организација и им раскажал за невообичаената средба. „Тили тивко му се приближила на фармерот и откако го придобила неговото внимание, се свртила и се упатила кон провалија во близина“ – раскажал волонтер за The Dodo.

Потрагата веднаш продолжила на локацијата која ја посочил фармерот и вклучените во неа конечно го слушнале лаењето кое го чекале цела недела. „По неколку минути ја најдовме Тили како лежи со главата на ѕидот од резервоарот. Срцето ни застана... знаевме дека тоа значи дека Фиби е внатре. Речиси една недела Тили стоеше покрај неа со исклучок на времето, кога таа бараше помош. Вистински пријател и пример за моќта на љубовта“ – пишува во описот на фотографиите на Facebook.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11430 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.